Фон дер Лајен: За Северна Македонија се предвидени 119 илјади вакцини

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер соопшти дека од ЕУ за Северна Македонија ќе бидат доставени 119 илјади дози вакцини, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Ние сме покрај нашите партнери од Западниот Балкан, како што му кажав на Зоран Заев, 119 000 дози вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од мај до крајот на август. Во ова сме заедно, наведе Фон дер Лејен во објавата на Твитер.

Овие вакцини се дел од 651-та илјада дози на „Фајзер” наменети за здравствените работници и ранливите групи од земјите од Западен Балкан, што ќе бидат набавени со финансиски средства на ЕУ и испорачани во државите од регинот од мај до август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот