Фон дер Лајен: Без размислување би ја примила вакцината на АстраЗенека

EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU / POOL

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен без размислување би се вакцинирала со вакцината од АстраЗенека. 

„Би се вакцинирала со вакцината на АстраЗенека без размисслување, исто како и со оние на Модерна и на Фајзер и БиоНТек“, изјави Фон дер Лајен за весникот „Агсбург Алгемајне“

Таа ова го изјави по зголемената загриженост дека неповолните коментари на водечките европски државници, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон , дека ќе го забави вакцинирањето во ЕУ.

Макрон претходно рече дека Велика Британија презеа ризик со пребрзо одбрување на оваа вакцина, а Германската службена студија исто така откри дека вакцината иако е ефикасна има повеќе несакани ефекти отколку другите две.

Поддршката на АстраЗенека доажа еден месец откако Комисијата влезе во остра расправа со АстраЗенека дека британско-шведската компанија при испорака на вакцините и дала предност на Велика Британија, што компанијата го отфрли. Комисијата беше критикувана од земјите челнки дека навреме не успеала да обезбеди вакцини.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот