„Фолксваген” ќе исплати оштета на работници кои биле апсени и мачени во нивна фабрика во Бразил

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген” (ВВ) соопшти дека ќе им исплати отштета од  6,4 милиони американски долари  на поранешните работници во една бразилска фабрика кои ја тужеа компанијата за соработката со војската на оваа земја за време на диктатурата од 1964-1985 година.

Работниците и нивните семејства пред пет години поднесоа тужби против производителот на автомобили за кршење на човековите права, пренесува Бета.

Како што беше утврдено во 2016 година, агентите на ВВ давале имиња на вработени за време на полицискиот прогон на луѓе кои биле обележани како „субверзивни”, а кои подоцна биле уапсени и измачувани.

-Жал ни е за насилството што се случило во минатото. За „Фолксваген” е важно одговорно да се справи со ова негативно поглавје од историјата на Бразил и да промовира транспарентност, изјави извршниот директор на ВВ, Хилтруд Вернер.

Прочитајте и...  Времето денеска сончево со слаба магла и температури до 25 степени

Во договорот на ВВ со бразилските обвинители, потпишан вчера, се наведени и донации за проекти, вклучително и спомен-обележје за жртвите на диктатурата, соопшти компанијата.

Дванаесет поранешни работници во 2016 година изјавија дека биле уапсени и мачени во огромната фабрика на „Фолксваген” во Самп Бернардо до Кампу, во близина на Сао Паоло, додека други биле отпуштени и ставени на црната листа.

Многумина со години потоа не можеле да најдат работа, откри истрагата од 2014 година на британските новинари.

Поврзани вести

Ларда: Сакаме да ги направиме грчките производи уште подостапни

Весна Дамчевска

Народна банка ја засилува битката против фалсификуваните евра

Слободен печат

Скопскиот регион со најголемо учество во БДП

Слободен печат

Освен пандемијата зимава на Балканот му се закануваат и катастрофални поплави

Слободен печат

Шведска ги укинува рестриктивните мерки за повозрасните луѓе, немало докази за втор бран на новиот коронавирус

Илинка Иљоска

Спасовски: Потребата од соработка во регионот и со ЕУ е поизразена од кога било

Слободен печат

Остави Коментар