ФК Пелистер ветерани: Стадионот „Под Тумбе Кафе“ да се преименува во „Петар Милошевски“

стадион под тумбе кафе
Ветараните на ФК Пелистер со барање за преименување на стадионот во Битола/Фото: facebook.com/FC.PelisterBitola

Како што е веќе познато, стадионот „Под Тумбе Кафе“ во Битола се реновира и се очекува да добие нов лик. Во изградба е нова модерна трибина.

ФК Пелистер ветерани испратија барање за преименување на името на стадионот по поранешниот македонски репрезентативен голман Петар Милошевски.

– Со вредностите, кариерата и своите човечки и спортски дела, нашиот Петар заслужува култниот стадион каде ги направи првите чекори да го носи неговот име. Како симбол на цела генерација која одбележа една ера во македонскиот фудбал, сметаме дека преименувањето на стадионот е само мал чекор како на младите да им порачаме да го следат неговиот развоен фудбалски пат. Иницијатива за именување на стадионот по нашиот Петар постои индивидуално, меѓу навивачите, по социјалните мрежи, но овојпат сакаме како ветерани и пријатели на Петар и неговото семејство да предложиме официјално преименување на стадионот во Битола – стои во барањето.

Останува да се види дали ова барање ќе биде прифатено, односно стадионот биде именуван во чест на легендата.

Милошевски трагично загина во сообраќајна несреќа на 13 март 2014 година. Роден токму во Битола, еден од најдобрите голмани во историјата македонскиот фудбал.

Покрај репрезентативните настапи, во клупската кариера играше за Пелистер, Вардар, турските екипи на Трабзонспор, Малатјаспор и Себатспор, како и за кипарскиот Енозис Неон Паралимни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот