Филозофското друштво на Македонија ќе го промовира новиот број на списанието „Филозофска трибина“
Во Културно-информативниот центар – Скопје, на 22 јануари, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на 37-то издание на списанието „Филозофска трибина“ во издание на Филозофското друштво на Македонија.
Препорачано
Промотор на бројот во кој темата на бројот е „300 години Кант“ ќе биде проф. д-р Ана Димишковска.
Во „Филозофска трибина 37“ има десет текстови од темата на бројот: „300 години Кант“ (од акад. Ферид Мухиќ, проф. д-р во пензија Мирко Ѓошевски, акад. Иван Џепароски, американскиот филозоф Стивен Фридман, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Јасмина Поповска, д-р Марија Тодороска, проф. д-р Сенка Анастасова, д-р Самуел Колономос Садикарио и д-р Игор Поп Трајков).
Главнината на текстовите беа презентирани на истоимениот симпозиум во рамките на Светскиот ден на филозофијата. Во списанието има и три авторски текстови (проф. д-р Марија Тодоровска, доц. д-р Ведран Диздаревиќ и проф. д-р Славица Србиновска); еден приказ на промоција (од м-р Александар Богатинов); и два прилога во рубриката „Филозофски живот“.


