Сцена од филмот „Ќелија 9“

Филмско истражување на моќта на музиката со награда за најдобар звук

Краткометражниот филм „Ќелија 9“ во режија на Јован Саркањац на фестивалот „Бразил њу вижнс филм фестивал“, што се одржува во Камарагибе во Бразил, доби награда за најдобар звук.

Филмот „Ќелија 9“ е направен според вистинска приказна за последниот настап на скопскиот бенд „Ќелија 9“. Станува збор за млад школски бенд кој беше активен од 2014 до 2015 година. Филмот ја истражува моќта на музиката и издржливоста на младоста наспроти тенденциите да биде ставена во потчинета состојба.

– Преку филмот настојувам да ја доловам издржливоста, храброста и креативноста на младите поединци кои одбиваат да бидат замолчени. Нивното патување вибрира со вродената човечка желба за самоизразување и стремежот кон инклузивно општество кое ги разбира желбите на младите – објаснува режисерот Јован Саркањац, кој истовремено е сценарист и продуцент на филмот.

За музиката и звукот во филмот заслужни се композиторот Петар Саркањац и дизајнерите на звук Драган Спасов и Ристо Алчинов. Ова e трета меѓународна награда за филмот „Ќелија 9“.

Претходно доби награда за најдобар краток филм на филмскиот фестивал Ааша во Индија и на филмскиот фестивал „Срцето на Европа“ во Словачка за најдобра кратка драма.

Јован Саркањац

Филмот е снимен со поддршка од македонската Агенција за филм. Досега беше прикажан на повеќе интернационални филмски фестивали, а македонската премиера е планирано да се случи во текот на оваа година.

Режисерот Јован Саркањац дипломирал на Универзитетот Нотингем во Обединетото Кралство во класата за филмски и телевизиски студии, а информации за неговата комплетна филмографија се достапни на сајтот www.sarkanjac.com.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот