Филмска сцена на патот Охрид – Струга и во Дебрца: Возач со кола влетал кон полицајци, избегал, се вратил со друга и пак тргнал кон нив
Двајца млади охриѓани биле уапсени по драматичен инцидент на регионалниот пат Охрид – Струга, откако возачот на колата во која се возеле се обидел да избега и со возилото директно тргнал кон полицајци, соопшти полицијата.
Препорачано
Инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога криминалистичка патрола на СВР Охрид се обидела да запре патничко возило „поло“ со охридски регистарски таблички. Автомобилот го управувал Е.О. од Охрид, а со него биле и двајцата сопатници – 20-годишниот А.А. и 24-годишниот Ј.Ј.
Наместо да застане, возачот нагло забрзал и тргнал да ги гази полицајците, по што избегал. Кратко потоа, полициските екипи ги пронашле сопатниците во селото Требеништа, во општина Дебрца, каде што биле уапсени.
Драмата продолжила и подоцна. По извесно време, на местото се појавил и возачот Е.О., овој пат зад воланот на „фолксваген туран“, при што повторно со голема брзина се упатил кон полицајците и уште еднаш избегал.
Од полицијата информираат дека потрагата по возачот е во тек.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
12мин
-
16мин
-
28мин
-
44мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


