Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Митевска е годинешен македонски кандидат за „Оскар“

Режисерката Теона С. Митевска со екипата на филмот „Најсреќниот човек на светот“/ Фотографија: Иван Блажев

Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска е годинашниот кандидат на земјава за наградата „Оскар“ за најдобар долгометражен интернационален филм за 2023 година, соопшти денеска Друштвото на филмски работници.

„Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука“, се вели во соопштението.

Филмот неодамна ја имаше светската премиера на престижниот Венециски филмски фестивал.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски и „Мими“ во режија на Даријан Пејовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот