Сцена од филмот „Диџеј Ахмет“

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Унковски освои три награди на Сараевскиот филмски фестивал

Филмот „Диџеј Ахмет“ во сценарио и режија на Георги М. Унковски, имаше триумфално претставување на 31-от Сараевски филмски фестивал, каде освои дури три награди.

Филмот ја доби наградата „Перспективи на младите“ (Youth Perspectives), на фестивалот кој заврши синоќа. Дебитантскиот долгометражен филм на Унковски ја доби и наградата на порталот „Cineuropa“, посветен на европската кинематографија и филмските професионалци и „се доделува на филм кој, покрај неспорните уметнички квалитети, ја промовира идејата за европски дијалог и интеграција.“ Вредноста на оваа награда изнесува 5.000 евра.

„Диџеј Ахмет“ е копродукција на Македонија, Чешка, Србија и Хрватска.

„Специјалната награда „Перспективи на младите“ се доделува на филм за младите кои ја преиспитуваат својата заедница и традиција – ведра и хумористична, но во исто време трогателна приказна, збогатена со шармантни и живописни изведби на младите актери и шарена кинематографија, за која веруваме дека има потенцијал да допре до публиката, особено младата, ширум светот. За тоа што им дава глас на младите од мала заедница, наградата им се доделува на продуцентите и режисерот на филмот „Диџеј Ахмет“, вели жирито.

За оваа награда одлучи жирито: Ања Јокиќ, стручњак за младински политики, Србија), Ерендира Нуњез Лариос (продуцентка, Мексико) и Милан Стојановиќ (продуцент, Србија).

„Диџеј Ахмет“ ја доби и наградата од публиката за најдобар игран филм.

Филмот „Ветру, зборувај со мене“ на режисерот Стефан Ѓорѓевиќ ја освои наградата „Срцето на Сараево“.

Наградата за најдобра режија ја доби Ивана Младеновиќ, за филмот Sorella di Clausura (Романија, Србија, Италија, Шпанија).
Наградата „Срце на Сараево“ за најдобра актерка ја доби ансамблот на филмот „Фантазија“ – Сара ал Салех, Алина Јухарт, Миа Скрбинац, Мина Миловановиќ. Овој филм е копродукција помеѓу Словенија и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот