Игор Филков - пратенички прашања / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Филков бил на седницата за пратенички прашања, но не останал долго – брзал кај швајцарскиот амбасадор

Откако повеќето владини министри и нивните заменици денеска воопшто не се појавија на собраниската седница предвидена за пратенички прашања од опозицијата, од Министерството за правда објаснуваат дека министерот Игор Филков бил на седницата, но не можел да остане до крајот бидејќи имал средба со швајцарскиот амбасадор.

Според објаснувањето од Правда, работната средба со амбасадорот била однапред испланирана токму за денот на кој министерот требаше да одговара на прашања од опозицијата во Парламентот.

„Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на денешната собраниска седница од 11 часот на која се поставуваа пратенички прашања од опозицијата .Со оглед на тоа што беше побарана пауза од еден час од страна на пратеничка група и пролонгирање на седницата а поради однапред планирана работна средба со амбасадорот на Швајцарската федерација, министерот Филков не беше во можност да присуствува на продолжението на седницата“, велат од Правда додавајќи дека за ова Филков му кажал и на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Паузата што ја споменуваат од Правда, Гаши ја даде токму за да се обиде да го лоцира и да го обезбеди министерот за економија, Бесар Дурмиши, за да одговори на прашања од пратениците од опозицијата.

Господата министри „немаат време“ за опозициските пратеници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот