Филиповска: Дента кога го уапсија Боки одевме на Миконос

Фото: Слободен печат

„Од неговата 15-та година го познавам Бојан Јовановски. Неколку пати се имавме скарано и не разговаравме, но потоа се смирувавме. Откако беше отворена неговата телевизија дадов донација од 25.000 евра, а подоцна дадов и позајмица од 500.000 денари за 1ТВ“, изјави денеска во суд водителката Лила Филиповска во случајот “Рекет”.

Запрашана дали се сеќава дека од БМЈ до неа имало уплата од 500.000 денари кои таа подоцна ги уплатила, Лила рече дека не е точно.

– Мене никој не ми уплатил пари, јас тие пари од моја сметка ги имам платено.

– Со Јовановски сме биле на неколку викенд одмори. Дента кога бевме вратени од граница беше планирано да одиме заедно со уште две лица на Миконос, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот