Филипо Инзаги доби отказ од последниот тим во Серија А

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Филипо Инзаги по лошите резултати од денес повеќе не е тренер на Салернитана.

На клупата на Салернитана Инзаги се задржа 18 натпревари, а Салернитана ја напушта во момент кога екипата е на последното место во Серија А.

Во досегашниот дел од сезона Салернитана забележа две победи, седум нерешени и 15 порази. Последниот пораз екипата го претрпе во петокот од Емполи. Удинезе кој е во сигурната зона има шест бодови повеќе и натпревар помалку.

Пред доаѓањето на клупата на Салернитана Инзаги ги водеше: Реџина, Бреша, Беневенто, Болоња, Милан и Венеција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот