Филипче: Забранет меѓународен превоз кон високи ризични земји, прекин на работните обврски на бремените жени и хронично болни лица

Министерот за здравство Венко Филипче покрај мерките за образовните институции, наведи кои други мерки ќе се превземат:

Се забрануваат масовни собири со над 1000 учесници на територија на цела земја во нареднитe 14 дена и да се откажат настаните под оваа бројка.

Зе забранува одржување на спортски натпревари во период од 30 дена на територија на цела држава.

Задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од средно ризични држави во рок од 14 дена, согласно листата од СЗО, а таа секојдневно се надополнува

Забранет извоз на респираторни машини, маски, за што сите оператори ќе имаат листа, освен со посебна дозвола од МЗ.

Возрасните граѓани со хронични болести да го избегнуваат јавниот превоз. Избегнување на патување на земји со висок и среден ризик.

Физичките и правни лица кои ќе ги прекршат препораките ќе бидат казнети.

Се забранува меѓународен превоз кон високи ризични земји од и кон С. Макеоднија. Се заканува присуство на волонтери на Црвен крст на сите гранични премини.

Државната изборна комисија, соопштуват од Владата, треба да ги ослободи од понатамошно учество во изборниот процес вработените од јавните здравствени установи и да бидат заменети со други лица.

Апелираме да се почитуваат мерките за превенција.

Препорака до сите органи на државна управа, локална и приватни компании за време на прекин на работни обврски на бремени жени и хронично болни лица.

Владините институции ги прекинуваат сите настани и патувања.

Капацитетите на Инфективна се опремени. До сега ниту еден од пациентите нема клиничка манифетација за поставување рапсираторна машина. Сметам дека тоа не е проблем кој не можеме да го решиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот