Филипче за свадбите и чочеците: Апсолутно ги осудувам, граѓаните да не ги организираат!

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција остро ги осуди масовните собирања на кои сведочиме деновиве во приватна режија, меѓу кои свадбите, матурските прослави, полуматурите, скарите и разните прослави. Тој рече дека ваквата неодговорност е поигрување со трудот на здравствените работници и здравствениот систем што е столбот на државата. Тој ги повика институциите да бидат поажурни и да казнуваат, а на граѓаните им порача да не ги организираат ваквите настани.

Како што претходно објавивме, граѓаните се во свадбарско матурска треска, се организираат забави во домашен амбиент, но и во дискотеки и покрај тоа што ниту протоколите тоа го дозволуваат, ниту пак на вакви собири е возможно да се запазат мерките за заштита од коронавирусот, меѓу кои носењето маска и одржувањето дистанца.

-Апсолутно ги осудувам, апсолутно. Не можеме да си дозволиме таков луксуз да си поигруваме со трудот на здравствените работници целиот овој период, со здравствениот систем генерално а и со државата. Внимавајте, здравствениот систем е во моментов столбот на државата. Не смееме да дозволиме со нашето неодговорно однесување да го загрозиме. Лекарите и сестрите работат по 24 часа од почеток на кризата. Дел од нив се преморени. Ова е апсолутно минимизирање на нивниот труд и нивниот влог во здравјето на граѓаните. Повторно ќе апелирам до сите институции максимално и интензивно да работат на терен да ги санкционираат сите овие настани. Граѓаните да не ги организираат.

Во врска со решенијата за изолација за кои 450 граѓани одбиваа или од други причини не ги добија, Филипче посочи дека тие се испратени по пошта.

– Триесетина од нив не се доставени, ќе почекаме уште ден или два и сите граѓани што не ги добиле решенијата за изолација од различни причини, списокот ќе го објавиме јавно, истакна тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот