Филипче за случајот со велешанката: Полицаецот бил во скафандер, тешко е да се заразил од починато лице!

За случајот во затворот во Шутка, каде почина 23 годишно лице што издржувало казна, министерот посочи дека брисот земен од затвореникот бил негативен.

Директорот на судска медицина му кажал на министерот за здравство Венко Филипче дека за време на увидот во Велес, добиле многу дополнителни информации што ќе влијаат на крајниот извештај околу починатата велешанка во чие дишно стебло беше пронајден коронавирус.
Овие нови информации, како што рече министерот се однесуваат на утврдување кога точно настапила смртта на велешанката. Министерот речиси и ја исклучи можноста полицаецот кој го правел увидот а кој е позитивен на коронавирус, да се заразил од починатото лице. Претходно и професорот доктор Никола Пановски ја отфрли оваа можност.
– Има заразен полицаец кој правел увид во Велес, но бил во скафандер. Многу е тешко да се зарази човек од починато лице. Ќе го почекаме крајниот извештај од Судска медицина за да информираме подетално – рече Филипче.
За случајот во затворот во Шутка, каде почина 23 годишно лице што издржувало казна, министерот посочи дека брисот земен од затвореникот бил негативен. Во оваа институција направени се педесетина тестови и нема позитивен случај од непосредната близина на човекот што почина.
Би имале еден би рекол, повнимателен пристап за затворите исто како и за домот за стари лица во Ѓорче Петров.
Прашан зошто владата не ги затвори црквите за Велигден, Филипче рече дека доколку се почитуваат мерките во однос на масовните собири, тогаш не би имало собири во црквите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот