Фото: ЦУК

Филипче: Власта не е спремна за справување со пожарите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека актуелната власт не се справува соодветно со пожарите што ја зафатија земјата и дека наместо конкретна акција, промовира сомнителни тези за подметнување пожари, што, според него, укажува на двојна неподготвеност – и во превенција и во гаснење.

– Видовме пожари во Дојран, Крива Паланка, Чучер Сандево, каде изгореа огромни објекти. Наместо функционирање на најавените капацитети, гледаме само промоции на нова опрема која не е ставена во реална употреба – изјави Филипче на денешната прес-конференција.

Тој демантираше дека функционери на СДСМ се ситат на актуелната состојба, како што тврди владејачката ВМРО-ДПМНЕ, и најави конкретна иницијатива – сите амандмани на СДСМ за ребалансот на буџетот ќе бидат повлечени, со цел да се предложи единствен амандман за инвестирање во системот за управување со пожари.

– Ниту еден функционер од СДСМ не се сител на криза. Имаме сериозна и издржана критика, но и план за заедничка акција. За жал, такво нешто не видовме кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција – рече Филипче.

Тој додаде дека лани, во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, изгорела поголема површина шума отколку во последните десет години заедно, што според него е јасен показател за неспособност.

– Ќе видиме дали ќе прифатат нешто од нашите предлози. Ние сме конструктивни, предлагаме вложувања во ЦУК и ДЗС. Наместо обвинувања, време е да се преземат конкретни мерки – изјави лидерот на СДСМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот