Филипче: Пристигнаа првите респираторни машини од ЕУ

Денеска пристигнаа 12 респираторни машини кои се дел од вкупно 20 како помош од ЕУ, но пристигна и голема количина на заштитни маски, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

На Инфективната клиника во Скоје почина пациент на 80-годишна возраст, а имаме и 26 нови случаеви. Најбројни се во тие од Скопје, Куманово и Тетово. До денес вкупно се направени 14.057 направени тестови. На инфективната клиника има 61 пациент, 6 сена механичка вентилација, 24 во ГОБ „8 Септември“. Во другите болници нема драстична промена на пациентите и нивната клиничка слика. Денеска пристигнаа 12 респираторни машини кои се дел од вкупно 20 како помош од ЕУ, но пристигна и голема количина на заштитни маски, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Веќе е во функција амбулантско терапевтскиот дел во Козле. Тие што беа позитивни поминаа асимптоматски и со лесна клиничка слика. Во однос на задолжително носење на заштитна опрема, има голем број асомптоматски носители и од таа причина донесовме таква одлука. Сметаме дека е неопходно за да се намали ширењето на заразата. Тоа се однесува на затворен простор, а на отворен кога не може да се одржи дистанца од два метри – истакна Филипче.

Филипче рече дека нема новозаболени во Дебар и се прави скрининг во три категории на граѓани меѓу населението во тој регион. Нагласи дека ќе биде вработени дополнителна бројка на патронажни сестри во средините каде тие се потребни.

Министерот за здравство рече дека мерките и стратегиите на македонските експерти се покажале како точни и се изградило успешна стратегија, а за почитувањето на мерките тој упати благодарност до граѓаните на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот