Филипче побара ДСЗИ да извршат вонреден инспекциски надзор во битолската болница

Венко Филипче / Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се утврди фактичката состојба во дневната болница по објавените фотографии на социјалните мрежи и во дел од медиумите на кои се гледа како пациент додека прима инфузија, на други болнички кревет лежат починати пациенти.

ФОТО | Морбидни фотографии од битолската болница: Двајца починати и двајца на инфузија во иста болничка соба

Претходно д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничката болница во Битола, во врска со настанот што се случил вчера во битолската дневна болница, информираше во МЗ дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале. Согласно лекарските регулирани во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: „Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето”. Од таа причина телото на починатиот не можело да се пренесе во болничката мртовечница, објасни директорката на болницата во Битола.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот