Филипче: Ова се времиња и ситуации во коишто не треба никој да биде стигматизиранкојшто го штити колективното здравје и здравјето на секој граѓанин

Неколку лица кои имаа симптоми на болест, се тестирани и истите се негативни, а кај нив е дијагностицирана настинка. Тие се исто така во рамките на тој карантин, но настрана од сите останати лица.

Министерството за здравстсво апелира до граѓаните да не се стигматизираат и осудуваат луѓето кои се сместуваат во државен карантин и нагласува дека се работи за наши граѓани кои се враќааат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чуствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски.

Денеска, на редовната прес конференција, Министерот за здравство, Доц. Д-р. Венко Филипче упати порака до сите граѓани дека ова се времиња и ситуации во коишто не треба никој да биде стигматизиран, ниту заболените, ниту луѓето коишто се во карантин. Луѓето во карантин се здрави луѓе, наши роднини и пријатели, а ова е модел којшто го штити колективното здравје и здравјето на секој граѓанин.

„Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите. Ова се луѓе кои ги сместуваме во сосем добри, солидни услови и сите се прегледани. Постои процедура којашто се следи, начин како се постапува со луѓето коишто се сместуваат во карантините. Сите овие луѓе се прегледани од интернист и од епидемиолог, а досега нема ниту еден заболен од болеста од Ковид -19 вирусот“, изјави министерот Филипче.

Неколку лица кои имаа симптоми на болест, се тестирани и истите се негативни, а кај нив е дијагностицирана настинка. Тие се исто така во рамките на тој карантин, но настрана од сите останати лица.

Државниот карантин е задолжителен за сите наши граѓани кои се враќаат во земјата и истиот се спроведува се додека не завршат 14 дена, односно инкубациoниот период на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот