Филипче не прифати никаков предизвик на Фејсбук, но сепак доби поддршка

Министерот за здравство Венко Филипче / Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Деновиве на социјалната мрежа Фејсбук се рашири лажен статус на министерот Венко Филипче, според кој првиот човек на здравството, прифатил предизвик од извесен Борче Илиовски и му закажал преглед на Инфективната клиника. Статусот на Филипче, иако лажен, сепак доби поддршка од корисниците на социјалните мрежи.

За што, всушност, станува збор?

Борче Илиовски на својот фејсбук-профил го објавил следниот статус: 

„Предизвик! Го предизвикувам манипулантот и апашот Венко Филипче. Спремен сум да влезам во Инфективна и со заболените без маска да седам 24/7 дена. Доколку се разболам и умрам, задолжително лекарски независен тим да изврши обдукција и да ја утврди вистинската причина за смртта. Доколку се разболам и се излекувам, да се објави со помош на кои медикаменти и третмани сум излекуван, за да може сите понатамошни животи успешно да бидат спасени. Доколку ништо не ми се случи, да ми бидат исплатени 500.000 евра обесштетување затоа што лажете и манипулирате со наводниов вирус. Ајде, машко, да те видам?“, напиша Илиовски.

Идентичен статус пред извесно време имаше и Миленко Неделковски, односно Илиовски го ископирал од него.

По ова, следуваше реакција на министерот за здравство Венко Филипче, во која тој го прифаќа предизвикот на Илиовски и му закажува термин за преглед на Инфективна.

„До Борче Илиовски, претседател на ИНТЕГРА – Младинска алијанса и машински техничар на Библиското школо ‘The Last Reformation’, Вашиот термин за прием во инфективниот оддел каде што се лекуваат заболените од ковид-19 е закажан за 27.10.2020 година во 12:45 часот. Неопходната документација е доставена на Вашата домашна адреса“.

Ваквиот статус на Филипче брзо се рашири по социјалните мрежи и предизвика многубројни реакции и коментари.

Но, доколку отворите на официјалните Фејсбук и Твитер профили на министерот Филипче, ќе видите дека тој такво нешто не објавил, односно станува збор за лажна вест. Оригиналниот статус, претставен како статус на Филипче, всушност го напишал твитер корисникот @41N21E, а на местото на неговата фотографија е залепена фотографија на министерот за здравство.

Иако статусот на Филипче беше лажен, сепак тој доби поддршка на социјалните мрежи:

„И да е монтажа, и да е лажен, е добро напишано и треба да почне така да им враќа, па ете нека одат. Нели и други кандидати имаше“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот