Филипче: Напад или посегнување по животот на лекар или здравствен работник, за првпат, ќе се смета како напад врз службено лице

Венко Филипче/ Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Напад или посегнување по животот на лекар или здравствен работник, за првпат, ќе се смета како напад врз службено лице, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Напад или посегнување по животот на лекар или здравствен работник, за првпат, ќе се смета како напад врз службено лице, Присилба,загрозување на сигурност, на лекари и здравствени работници ќе станат посебни кривични дела, кои ќе бидат внесени во измените на Кривичниот закон. Во истиот закон како кривично дело ќе се внесе и спречување на лекарите и здравствените работници во вршење службено дејствие. На овие законски измени, неколку месеци работевме со Лекарската комора и Министерството за правда. Лекарите и здравствените работници ја вршат најхуманата работа на светот и секој од нас треба да биде свесен за улогата која ја имаат. Понекогаш во нивната работа постојат предизвици кои не се во нивни домен и не можат да ги надминат, но тоа не значи дека треба животот да им биде доведен во ризик. Почитувањето меѓу лекарите, здравствените работници и пациентите е взаемно, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот