Венко Филипче /Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Филипче: Моментално 90 отсто од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани

Неодговорно е да го тестираме човечкиот имунинтет на ризична болест во услови кога имаме веќе докажано ефикасна вакцина за истата. Не смееме да дозволиме да дочекаме нови бранови и соеви, невакцинирани, порача министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на својата Фејсбук страница истакна дека одложувањето на вакцинацијата против Ковид-19 е само одложување на проблемот.

„Вакцините се тие со кои ќе ја победиме пандемијата, не прележувањето на вирусот. Неодговорно е да го тестираме човечкиот имунитет на ризична болест во услови кога имаме веќе докажано ефикасна вакцина за истата. Не смееме да дозволиме да дочекаме нови бранови и соеви, невакцинирани. Тоа ќе значи нов притисок врз здравствениот систем, бидејќи во моментов 90 отсто од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани“ стои во објавата на министерот.

Министерот виоедно појаснува дека вакцинацијата еден месец по прележувањето е целосно безбедна по здравјето на граѓаните.

„Човештвото во минатото ги победило сите пандемии благодарение на масовна вакцинација. Во редовниот вакцинален календар даваме повеќе вакцини за деца и возрасни со кои се искоренети низа болести. Тие сите се даваат во редовниот термин и план за вакцинација. Вакцинацијата еден месец по прележувањето е целосно безбедна по задравјето на граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни во однос на ова“ истакнува Филипче.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот