Филипче: Меѓу заболените има помалку од 10% вакцинирани граѓани

Венко Филипче Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Помалку од 10% од хоспитализираните пациенти се вакцинирани против ковид-19 и сите се со полесна клиничка слика, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, иако вакцината е помалку ефикасна против делта сојот, таа за 20 пати го намалува ризикот од смрт предизвикан од тој тип на вирус.

Филипче повика да се зголемиме опфатот на вакцинирани за да не мора да се воведуваат нови ограничувања и оти од есен се очекува усложнување на состојбата.

Во одговор на новинарско прашање дали донесените владини мерки за спречување на ширењњето на вирусот, донесени на синоќешната владина седница, Филипче вели:

„Не е доцна за мерки, сосема е навремено, чекавме соодветен момент“, рече министерот.

Видео на денот