Филипче: Македонската надворешна политика е без компас, се одлучува импулсивно и без политички приоритети
Последното гласање за резолуциите за Украина во Обединети нации јасно покажува дека македонската надворешна политика е без компас и се одлучува импулсивно и без надоврешно политички приоритети, смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Препорачано
– Со овие хаотични и навистина неразбрливи одлуки Македонија испраќа порака дека нејзината надворешна политика е импровизација. Дополнително Владата ја продлабочи конфузијата со тоа што прифати да бидеме коспонзори на американската резолуција, а потоа гласавме воздржано. Прв пат една македонска влада што конспонзорира резолуција потоа не гласа за истата – изјави Филипче на денешната прес-конференција.
Резолуција во ООН: Македонија го одбра соломонското решение, притисната меѓу чеканот и наковалната
Филипче смета дека за двете резолуции во ОН требало да се гласа „за“, бидејќи тие не се косат една со друга туку се надополнуваат.
Тој го поздрави продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД, но побара одговори од Владата која е целта за оваа поддршка на новата администрација на САД, што побарала Владата и што очекува од тоа.


