Филипче: Илче од Охрид здрав и расположен си заминува во мал групен дом

Фото: Слободен печат

Единаесетгодишно дете со церебрална парализа кое беше оставено само без никаква лекарска грижа, без никаква терапија и со 150 милилитри млеко дневно преживуваше во куќа во Охрид откако двајцата родители го напуштија и го оставија со човек што ниту знаеше како да се грижи за детето, ниту пак знаеше каква терапија детето прима, конечно се опоравува од траумата.

ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА: 11-годишно дете со церебрална парализа оставено без терапија и со чаша млеко во куќа во Охрид

Министерот за здравство Венко Филипче, по објавата на сторијата на „Слободен печат“ лично се заинтересира и испрати екипа на брза помош да го земе момчето со претходна согласност од оние што го чуваат, за да му бидат извршени сите медицински прегледи кои му се неопходни на Клиниката за детски болести во Скопје.

УЖАС: 11-годишното дете со церебрална парализа, не било искапено една година!

– Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него, објави на фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.

Малиот Илче веќе неколку дена јаде од лажичка, а не преку сонда на Детска Клиника

Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.

Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот