Филипче: Епидемијата апсолутно е под контрола

Првата битка ја добивме, но војната не е завршена. Не се оптовари капацитетот во ниту една болница, и само со строго почитување на тие мерки се ќе биде под контрола – нагласи Филипче.

Денеска се регистрирани 50 оздравени пациенти, а двајца пациенти во болницата „8 Септември“ починаа. Во изминативе 24 часа направени се 533 тестирања, со што бројот на заболени во земјава до денес изнесува 1.839 граѓанин, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– 22.255 тестови се направени во земјава, а во градинките од скринингот во Скопје и Велес се негативни. До денес 908 тестови се направени и само еден случај е позитивен, а сите други се негативни. Продолжуваме со скрингот во сите други таргетирани објекти. Во трите хирушки болници направени се над 1.000 итни и неодложни операции – нагласи Филипче.

Одлочивме за сите здравствени работници кои се вклучени во работата со лицата заболени од коронавирус да им се додели во два последувателни месеци парична награда од 20 отсто зголемување на платата, рече министерот Филипче.

Тој рече дека епидемијата апсолутно е под контрола, а 91 отсто од заболените здравствени работници е ставен под контрола.

– Првата битка ја добивме, но војната не е завршена. Не се оптовари капацитетот во ниту една болница, и само со строго почитување на тие мерки се ќе биде под контрола – нагласи Филипче.

Најголемата опасност за пренесување се приватни собири и групирање и Филипче упати замолница до граѓаните да ги почитуваат мерките. Нагласи дека според сите информации можно е на есен да има втор „бран“ од висурот и до тогаш сите одделенија по болниците ќе бидат соодветно опремени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот