Филипче: Доста е од политика, се враќам на клиниката за неврохирургија

Венко Филипче, министер за здравство/ Фото: Screenshot/Facebook

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за ТВ 24 вели дека веднаш по завршување на владината реконструкција, односно изборот на новата Влада, тој ќе се врати на сојата основна професија на Клиниката за неврохиругија.

„Ова беше едно големо искуство, но доста е од полтика – се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот Центар.“ – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

На прашање дали размислува за амбасадроско место или друг анкажман во политиката, вели дека такво нешто не е опција и засега не размислува во таа насока. Смета дека најмногу може да допринесе во здравство преку неговата професија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот