Филипче бара анализа за зголемената смртност

Венко Филипче / Фото: Слободен печат.

Без починатите од вчерашниот ден, 41 пациент ја загубиле битката со болеста, што е за 17 повеќе отколку претходната недела, кога пак бројот беше зголемен за седум. Според д-р Никола Пановски, овој тренд зачудува, со оглед на тоа што во светски рамки процентот на починати се намалува, што не е случај и со Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче изрази загриженост за зголемената смртност кај пациентите со ковид-19 и најави дека деновиве ќе се прави анализа на што се должи неповолниот тренд во црните статистики.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат укажуваат на различни причини за статистичкиот пораст на починати во изминатите две недели, но не гледаат системска грешка. Од Клиниката за инфективни болести потенцираат дека не е надминат стариот проблем, односно предоцно јавување на пациентите да им се укаже лекарска помош.

Без починатите од вчерашниот ден, 41 пациент ја загубиле битката со болеста, што е за 17 повеќе отколку претходната недела, кога пак бројот беше зголемен за седум. Според д-р Никола Пановски, овој тренд зачудува, со оглед на тоа што во светски рамки процентот на починати се намалува, што не е случај и со Македонија.

Филипче потенцираше дека дека оваа недела ќе се знаат причините за овие загрижувачки бројки и врз основа на тоа ќе се одлучи дали да се преземат дополнителни мерки.

„Точно е дека последните денови е зголемен бројот на починати како последица на ковид-19, и тоа во последниве три дена. Претходно, процентот беше 6,5, сега е некаде околу 8 отсто. Правиме анализа, не сакаме да дозволиме да имаме преполни болници. Кога таа анализа ќе заврши ќе можеме да кажеме на што се должи и дали треба дополнително нешто да се преземе,“ изјави Филипче завчера.

Kој ја прави анализата и кои се случаи кои се испитуваат, од Министерството за здравство не објаснуваат.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека од кога е прогласена пандемија постојано прават вонредни инспекциски надзори за смртни случаи поврзани со ковид-19, по пријави, но и по допрен глас.

– Секој случај е индивидуален. Имаше случаи кога пациент сам потпишал изјава дека не сака да биде болнички лекуван. Истго така, имаше утврдени и пропусти во протоколот, за што имаше и разрешување од директорки позиции во неколку институции, како што беа случаите во Охрид и Велес. Треба да е јасно дека секој случај е посебна судбина, а јавноста навремено ја информираме само за они за кои е утврден пропуст. Заклучок од она што ДСЗИ го  работи е дека не постои некој системски проблем заради кој се зголемува смртноста на пациентите од ковид-19 – вели Ирина Бухова Сотирова.

Минатата недела (од 7 до 13 септември) кога беа регистрирани 27 смртни случаи од ковид-19, смртноста беше е зголемена за 35 проценти во однос на претходната недела, говорат официјалните податоци на Институтот за јавно здравје.

Додека се подготвуваат новите податоци, анализите на ИЈЗ покажуваат покажуваат дека од сите починати претходната недела, 85 посто имале претходни заболувања.

Д-р Илир Демира од Клиниката за инфективни болести рече дека смртноста би можела да се намали доколку пациентите порано бараат лекарска помош и навреме се упатуваат во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот