ФФМ со парична награда за репрезентативците

ffm.mk

Македонската А репрезентација оствари триумф против Словенија во квалификациите за ЕУРО 2020 година и со дополнителен мотив за позитивен резултат патува за Варшава на дуел со силната Полска (13. октомври) во продолжението од квалификациите за Европското првенство.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини го изрази своето задоволство од остварените резултати, истакнувајќи дека посакува оваа приказна да продолжи и да бидеме уште подобри.

Управниот одбор на ФФМ одлучи да се исплати премија за репрезентативците во износ од 100.000 илјади евра, парична награда која беше предвидена за постигнатиот резултат.

– Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по триумфот против Словенија доби уште една причина за радост, но сакам да им порачам на фудбалерите и навивачите да останеме скромни и смирени. Убаво е да се видат полни трибини на Националната арена и нашата репрезентација на сите насловни страни, тоа ја покажува моќта на фудбалот. Како раководство на Фудбалската федерација на Македонија ветивме премија за репрезентацијата и ќе исплатиме сума од 100.000 илјади евра како награда за трудот и резултатите. Честитки и посакувам да ја продолжиме оваа убава приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобри – изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот