Фото: ffm.mk

ФФМ, Јандреоски: Воведовме усогласување со највисоките стандарди и директна соработка со УЕФА и ФИФА

Собранието на Фудбалската федерација на Македонија на денешната своја годишна седница, исто така, едногласно ги усвои извештаите за работа на претседателот на ФФМ и на Управниот одбор за изминатата година, извештајот на Надзорниот одбор на ФФМ како и извештаите на правните органи и лиценцните тела за 2025 година.

Беше усвоен и извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на Стратегискиот план 2021-2025 кој го презентираше генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски.

-Изминатата година беше значаен период за Фудбалската федерација на Македонија. Година на работа, јасна насока и конкретни чекори кон исполнување на нашата визија. Сите активности ги реализиравме согласно трите клучни стратешки документи: Генералната стратегија, стратегијата за женски фудбал и стратегијата за општествена одржливост. Фокусот беше јасен, инфраструктура, млади, женски фудбал и општествена одговорност. Тоа се темелите врз кои се гради стабилен систем.

Нашата работа се темели на вредности што не се декларативни, туку применети. Транспарентност, професионалност, инклузивност и континуиран развој. Овој процес не е индивидуален. Тој е заеднички. Клубовите, тренерите, играчите, институциите и партнерите, сите имаат свој удел во напредокот што го постигнавме.

ФФМ по 15 години добива нов Статут, документ како темел на системското функционирање

И покрај предизвиците, останавме фокусирани и дисциплинирани. Не баравме изговори, баравме решенија. И тие резултати денес се видливи. Транспарентноста и довербата не се избор, тие се предуслов за стабилен систем. Без нив нема напредок. Доброто управување е основата на сè што го правиме. Во изминатиот период воведовме системски пристап, редовни евалуации, усогласување со највисоките стандарди и директна соработка со УЕФА и ФИФА.

Ја зајакнавме административната структура и започнавме суштинска реформа на Статутот, процес воден заедно со УЕФА и ФИФА, со јасна цел: модерен, функционален и одговорен систем – рече генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот