ФФМ ги одложи сите денешни натпревари поради трагедијата во Кочани

Поради трагедијата во Кочани во која во ноќен клуб животот го загубија неофицијално над 50 лица сите денешни натпревари кои требаше да се играат на фудбалските терени низ Македонија се откажани.

Фудбалската федерација на Македонија изрази сочувство до семејствата на загинатите и информираше дека датумот за одигрување на натпреварот дополнително ќе биде одреден.

„Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе.  Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.  Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции. Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви“, соопштија од ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот