Фетаи не е задоволна од пресудата за „Шамарите во Центар“

Не сум задоволна од изречените казни, особено од условните казни на обвинетите. Јас во завршните зборови кажав дека алтернативна мерка, условна казна доаѓа во предвид само за Игор Бошковски. За другите сметав дека мораше да има казна затвор. И затоа ќе поднесеме жалба на овие пресуди, изјави обвинителката Фатиме Фетаи по денешното соопштување на пресудите за случајот „Насилство во Центар”.

Таа вели дека за целото обвинение постојат докази кои биле изведени, а судот ги преценил олеснителните околности и затоа досудил, според неа, малите казни.

За ослободувањето на поранешната пратеничка Даниела Рангелова од обвинението, Фетаи смета дека тоа произлегло откако се измениле околностите во текот на постапката.

– Обвинението беше врз основа на оштетените во предметот. Исказите идеа во тој правец дека Рангелова сторила кривично дело. Но, имаше испрашување и постоеше можност да се добијат детали и да се смени сликата. Бидејќи доказите упатија на поинаква слука во однос на Рангелова, затоа се откажавме од обвинението – рече Фетаи.

Прочитајте и...  Болниците преполни, ќе враќаат пациенти!

Поврзани вести

Болниците преполни, ќе враќаат пациенти!

Слободен печат

Османи: Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на Бугарија

Слободен печат

Заев-Вархеји: Реформите во судството се области на кои им е потреба понатамошна работа

Слободен печат

Заев: Со мојот брат Борисов ги храбриме комисиите да работат низ историските прашања

Слободен печат

Вучиќ: Работите се покомпликувани одошто замислуваат во Приштина

Слободен печат

Маричиќ: Неопходна е брза дигитализација на судството

Слободен печат

Остави Коментар