Плакат за 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ го објави терминот на своето 47-мо издание

Првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, ИФФК „Браќа Манаки“, го најави своето 47. издание, кое ќе се одржи во Битола од 19 до 25 септември 2026 година.

Од своето основање во 1979 година, овој фестивал сведочи за уметноста на кинематографијата, славејќи ги пионерите на филмската камера од Балканот, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки.

На 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на седум дена, посетителите можат да очекуваат исклучителен избор на играни, документарни, кратки и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат. Покрај извонредните пет натпреварувачки програми, фестивалот се гордее со својот Клуб на великаните.

Низ годините, плејада кинематографери од светски глас беа добитници на престижните награди. Лауреатите на „Браќа Манаки“ се врвни мајстори на филмската фотографија, чии епохални остварувања ја разбранувале филмската индустрија.

И годинава ќе бидат доделени наградите: Златна камера 300, Сребрена камера 300, Бронзена камера 300, Железна камера 300, Мала камера 300 и Кристална камера 300, како и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија и Голема ѕвезда на македонскиот филм, што ја доделува ДФРМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот