Фергусон жали поради еден играч кој не го донесе во Јунајтед

Фергусон 27 години седеше на клупата на Манчестер јунајтед/ Манчестер, Англија, 2013 година/ фото: EPA/PETER POWELL

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон помина 27 години на клупата на „црвените ѓаволи“ и беше одговорен за носење на некои од најдобрите фудбалери на светот, но истот така е свесен дека тој и управата пропуштија да донесат неколку одлични засилувања.

Фергусон признава дека највеќе жали што во Манчестер јунјатед не успеа да го донесе поранешниот англиски репрезентативец Пол Гаскоњ.

– Кога ќе помислам кои се играчи пропуштивме да ги донесее, секогаш прво име кои му доаѓа на ум е Пол Гаскоњ. Тој беше фантастичен и мислам дека доколку пристигнеше на „Олд трафорд“ дека ќе имаше голема кариера. Навистина го мислам тоа, не велам дека не беше добар, но кај нас ќе беше уште подобар. Во Јунајтед имаше многу луѓе кои можеа да влијаат на него и на теренот и надвор од него како Брајан Робсон, Стив Брус, Боби Чарлтон. Сер Боби би му бил одличен ментор, како и Гари Палистер кој добро ја разбираше културата од која доаѓаше Гаскоњ – вели Фергусон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот