Феноменот на уличната мода: Mодата од улиците е подеднакво важна како и самите модни ревии

улична мода скопје се носи
Фото: Принтскрин / Instagram

Уличната мода денес стана своевиден феномен, нашироко прифатен модел на младата генерација кој од неодамна поприми размер на епидемија. Овој стил се здоби со таква силина што почна сериозно да влијае и врз дизајнерите како на „Прет-а-Порте“ така и на оние од Високата мода. Изгледите на улиците (особено за време на модните недели) станаа подеднакво важни како оние на пистите.

Низ различните периоди, стилот на уличната мода направи голема промена во модната индустрија со внесување смелост во дизајните, боите и дезените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje se nosi (@skopjesenosi)

Уличната мода не е специфична определба за еден стил на облекување или еден вид сезона, туку наместо тоа, опфаќа мноштво различни стилови, кои се искреирани од страна на обичните луѓе, наместо од професионалните модни дизајнери и модни студија, бидејќи тоа е едноставно, спонтано и без ограничувања. Денешната улична мода има силно влијание на модната индустрија и доведува до различни движења во модата во различни периоди и места.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje se nosi (@skopjesenosi)

На уличната мода може да гледаме како на уникатна мода. Таа претежно е создавана од млади луѓе што ја фаворизираат. Овие луѓе си ги мешаат своите сопствени стилови употребувајќи повеќе модни елементи во обидот да се идентификуваат настрана од мејнстримот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje se nosi (@skopjesenosi)

Во текот на изминатите децении, терминот „улична мода“  најчесто се користеше во целиот свет како репрезент на младешката мода. Нашироко е прифатено дека уличната мода извира од младешката субкултура во многу поголема мера отколку од професионалните дизајнери. Причината за широкото прифаќање на уличната мода од страна на младите е поради тоа што доаѓа од најбазичните нивоа, рефлектирајќи се така како отворен интерес на младите луѓе. Уличниот стил непобитно разоткрива дека многу луѓе имаат развиено чувство за мода и дека преку уличните фотографии се појавувааат и промовираат многу модни ѕвезди.

 

Се разбира, ниту младите во Скопје не се исклучок. Па каков е впечатокот од уличните изгледи што се рашетуваат по нашите улици ja запрашавме модната ентузијастка Ана Чаловска од модниот блог „Скопје се носи“, каде се архивираат и се преставуваат пред јавноста најинтересните урбани ликови со уникатен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje se nosi (@skopjesenosi)

„Без оглед на околностите и генералната атмосфера, „Скопје се носи“ сè уште има верба во ентузијазмот и во потрагата по нешто оригинално, што ни го поткрева духот и дека некои вредности сè уште се присутни. Се труди да го истакне индивидуалниот израз и автентичниот печат на скопјани, преку стилот, што е само отскочна даска за понатамошно разоткривање на личноста и на нешта поврзани со културниот живот тука, а и пошироко. Поттик се луѓето со креативна динамика, доза на мистичност, природност, свежина и бунтовност, наспроти натпревар на суети, стилска пренагласеност, невкус и стерилен рекламен банер за модни брендови. Со тоа ги подигнува стандардите на нашата сцена, затоа што е квалитетно и вредно да се истакне, го поддржува квалитетниот и ендемичен стилски израз на градот“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje se nosi (@skopjesenosi)

„Ме радува кога ќе видам млади, но и повозрасни луѓе што знаат како да се носат, „зрачат“, кои раскажуваат сопствена приказна, нешто што не е површно, луѓе кои се издвојуваат со својата аура. Инспирација за промена на подобро, свеж воздух и спас од модната рутина.Тие претставуваат значај на модна и културна архива на еден период, особено кога градот ја губи својата урбана морфологија, го чинат „духот“ на Скопје. Важна алатка е саморефлексијата, за да бидеме свесни како нашиот стил нè илустрира како личност, да си дадеме простор да осознаеме што токму сакаме да прикажеме. Поборник сум за искреноста во стилот секогаш да биде во мода, оној личен и неизвештачен израз“, ни изјави Ана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje se nosi (@skopjesenosi)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот