Работнички немаше сили за изненадување/ фото: КФСМ

Феникс преку Работнички до полуфиналето

Кошаркарите на Феникс во првото учество на завршниот турнир во Купот “Благоја Георгиевски-Буштур“ откако во четвртфиналето го декласираа Работнички со 74:49.

Најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, кој се наоѓа во финансиски проблеми, имаше сили само за едно полувреме. Неизвесноста беше присутна во првото полувреме кое заврши со 30:28 за Феникс.

Феникс сите дилеми околу победникот беа решени во третата четвртина во која направи серија од 21:3 за недостижни 53:37. До крајот на натпреварот кошаркарите на Феникс остварија убедлив триумф од 74:49.

Андреј Митревски со 18 поени и Двејн Морган со 14 поени беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Горјан Марковски со 13 и Павел Данаиловски со 11 поени беа најефикасни кај Работнички.

– Играчите влегоа малку опуштено во натпреварот, поради тоа имавме мали проблеми во првото полувреме. Во второто одиграа посериозно и како резултат на тоа дојде убедливата победа. Не сме размислувавме за дуелот со МЗТ Скопје. Но ние сме дебитанти во ова натпреварување и нè чувствувавме никаков притисок. Имаме млада екипа, па ќе видиме што ќе се случи -изјави тренерот на Феникс, Денис Дервишевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот