ФЕЈСБУК-ГРУПА ОД 600 илјади членови организира страшна акција

Top Channel

Aкција организирана во детали, со 600.000 лица спремни да се мобилизираат со единствена цел – да влезат во „Областа 51“, мистериозната американска воена база, која според многу гласини ги крие трагите на преминот на вонземјаните на Земјата, пренесува Инсајдери.

Групата на Фејсбук, креирана од Џексон Барнс, Австралиец, ги привлече ентузијастите по вонземјаните, а средбата е закажана за 20 септември, пред воената база во пустината Невада.

На фејсбук-групата „Storm Area 51“, се даваат точни инструкции за тоа како да се реализира проектот во пракса.

– Сите со трчање кон влезот. Не можат да нè спречат сите – инсистираат организаторите.

По првичниот успех на групата, нејзиниот креатор, сепак, почна да се повлекува.

– Добар ден до владата на САД – напишал Барнс – ова е шега и немам намера да го спроведам планот. Само мислев дека тоа ќе биде забавно и би добил многу лајкови. Јас не сум одговорен доколку луѓето потоа се решат да се упатат кон Областа 51.

Сепак се чини дека е голема бројката на оние кои немаат намера да се повлечат. Потписите во групата на Фејсбук продолжуваат.

Од корисниците има и поединци кои објавуваат фотографии од вежбите во очекување на нападот и други кои подготвуваат маици и униформи за големиот ден. Се чини дека треската ги зафати сите.

Областа 51, со максималните нивоа на безбедност, со години разгоруваше многу конспиративни теории. Особено по инцидентот во Розвел во 1947 година, некои луѓе инсистираа на тоа дека имало судир меѓу вселенски летала и дека и ден денеска во таа област се наоѓаат телата на вонземјанскиот екипаж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот