Фото: twitter

„Фејсбук“ дозволува говор на омраза кога станува збор за осуда на руската инвазија врз Украина

Фејсбук привремено ја ублажи својата политика кога станува збор за статуси што се однесуваат на руската инвазија врз Украина, но само кога станува збор за случаи на воопштен говор на насилство, за изрази како „смрт за руските напаѓачи”, не и за искажување закани против цивили, пишува Ројтерс.

Таквата одлука на технолошкиот гигант веднаш предизвика поделени и спротивставени реакции кај јавноста, но гигантот на социјалните мрежи застана во одбрана на својата промена.

„Како одговор на руската инвазија врз Украина привремено дозволивме форми на политичко изразување што вообичаено би биле оценети како спротивни на нашите правила за говор на насилство”, се вели во соопштението на „Мета”, додавајќи дека се уште нема да дозволат „повици за насилство врз руски цивили”.

Објавата на „Мета” следува откако медиумите објавија дека заострената политика на Фејсбук по однос воениот конфликт покрај Русија ги опфатила уште и Ерменија, Азербејџан, Естонија, Грузија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Украина, повикувајќи се на имејл испратен од компанијата до нејзините модератори на содржините што се објавуваат на социјалната мрежа. Од „Мета” не било одговорено за тоа кои се географските одредници на односната политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот