Фехми Стафа зел 50.000 евра со ветување дека ќе го ослободи Ѓаволот од притвор со подмитување на судија од Апелација
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа зел вкупно 50. 000 евра поткуп со ветување дека ќе го ослободи од притвор осомничениот за финансиски криминал Љупчо Пецов Ѓаволот кој е во бегство, а обвинет е во предметот ‘Синџир’, дознава “Слободен печат”.
Препорачано
Фатен бил вчера како зема 20 000 евра, но кој го пријавил, дали парите стигнале до судијата од Апелација каде предметот за Ѓаволот е по жалба, кој е судијата, од Обвинителството за гонење на организиран криминал не соопштуваат.
Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница
– Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.
Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата. Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите – соопшти ОЈОГОКК.
Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница
Обвинителството бара притвор за поранешниот државен правобранител.
Слободен печат пред неколку месеци пишуваше дека Стафа барал од Кривичен да му биде заменет притворот и за тоа понудил гаранција во недвижен имот.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што стигнал неговиот предлог на мислење, го лоцирало Ѓаволот на видео камери и утврдило дека осомничениот за кој не беше покренато обвинение си се шета слободно, по болници и нотари, додека за него има распишано меѓународна потерница.
Кривичниот суд го одби барањето на Стафа и предметот по жалба се наоѓаше во Апелациониот суд со месеци.


