Федерер за врската со Мирка добивал љубовни совети од својот тренер

EPA/TIAGO PETINGA

Швајцарецот пред 20 години го послуша срцето кога станува збор за Мирка.

Рожер Федерер веќе речиси 20 години има огромна поддршка зад себе од сопругата Мирка која и самата е поранешна тенисерка.

Некои од деталите како тие двајца се запознаа не беа познати се досега кога поранешниот тренер на Федерер, Свен Греневелд, не прозборе за „Tennisnet“.
Романската помеѓу Рожер и Мирка започна за време на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, а уште на првиот поглед, тогаш младиот швајцарски тенисер беше убеден дека Мирка е вистинска девојка за него.

Тој дел од приказната е познат на јавноста, но тоа што не беше познато досега е дека тогаш Федерер како и секое младо и несигурно момче не бил 100% сигурен што да прави и за совет го прашал својот тренер.

– Не праша дали да започне да се гледа со Мирка – открива Греневелк.
Федерер кој тогаш имал 20 години добил совет да не се залетува и да ужива во животот бидејќи сè уште е млад.

– Му рековме дека сме против тоа бидејќи беше млад и требаше да ужива во својата слобода. Доколку гледаме од денешен аспект, Рожер ја донесе вистинската одлука – не не послуша нас туку срцето. Тој покрај Мирка научи да ги контролира своите емоции – раскажува Греневелд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот