Федерер не дозволи изненадување, Зверев го преживеа Фриц

Рожер Федерер ќе настапи уште еднаш на „Лејвер купот“ во Лондон/фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Осумкратниот шампион на Вимблдон, Рожер Федерер се пласираше во осминафиналето на најпрестижниот грен слем турнир откако во четири сета го совлада британскиот тенисе Камерон Нори со 6:4,6:4,5:7,6:4.
Швајцарецот во осминафиналето ќе игра против Италијанецот Лоренцо Сонего кој претходно во три сета го елиминира Дакворт.
Првите два сета беа речиси идентични, на Федерер му беше доволен само по еден брејк за до поведе со 2:0. Но, Нори не се предаваше, носен од публиката која сакаше овој меч да се продолжи успеа да дојде до брејк со кој го освои сетот (7:5) и да намали на 2:1.
Во четвртиот сет Федерер прв направи брејк за 3:2, Нори експресно возврати, но пресуден беше деветтиот гем. Во него Нори направи неколку грешки кои ги искористи Швајцарецот повторно да направи брејк и со сигурен сервис да дојде и до триумф.
Пласман во осминафиналето обезбеди и Александар Зверев кој иако го загуби првиот сет, успеа да слави над Тејлор Фриц од САД. Зверев победи во четири сета и тоа со 6:7,6:4,6:3,7:6 и си закажа осминафинална пресметка со Феликс Оже-Алиасим кој не го доигра својот меч со Ник Кирјос бидејќи австралискиот тенисер при 1:1 во сетови се предаде поради повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот