Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ФБИ: Спречивме потенцијален терористички напад за Нова година

ФБИ објави дека спречило потенцијален терористички напад во Северна Каролина на новогодишната ноќ. Според агенцијата, осомничениот бил директно инспириран од активностите на ИСИС, пренесува Еј-би-си.

„Лицето било директно инспирирано да дејствува од ИСИС“, соопшти ФБИ во објава на Икс.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, исто така, им се заблагодари на своите партнери на социјалните мрежи за нивната соработка.

„Благодарност до нашите неверојатни партнери што работеа со нас и несомнено спасија животи“, напиша Пател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот