Фаучи: Рано е да размислуваме за четврта доза

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Главниот медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи, рече дека е „премногу рано“ да се размислува за четвртата доза на вакцините против ковид во САД, додавајќи дека научниците прво мора да ја проучат заштитата на трите дози, пишува Си-Ен-Ен.

– Мислам дека е рано да се зборува за четвртата доза – изјави Фаучи.

Тој нагласи дека американските научници внимателно ќе ја следат заштитата на бустер дозата на РНК вакцината, а сето тоа ќе го прават по појавата на новиот сој, омикрон.

– Ако се покаже дека заштитата од ковид од третата доза е многу поголема отколку кај луѓето кои примиле две дози, тогаш може да поминеме низ долг период без да ја примиме четвртата доза – додаде Фаучи.

Тој исто така рече дека „единственото сценарио каде што може да се земе предвид четвртата доза се поединци кои се во полоша здравствена состојба поради придружните болести или поради лекови што ги земаат“.

– Но, кога станува збор за општата популација, мислам дека ќе ја чекаме одлуката за тоа – нагласи Фаучи.

Германија, Велика Британија и Израел веќе почнаа да размислуваат за четвртата доза поради појавата на омикрон, а се зборува за период од три до четири месеци по третата доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот