Фатени деветмина газди кои не ги пријавиле вработените во недела, добија само опомени

неукрасено скопје
Скопје, 16 декември 2021Ф / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Вчера почнаа контролите на Државниот трудов инспекторат во однос на спроведување на Законот за работни односи и недела како неработен ден. Биле извршени 36 контроли низ државата, а утврдени девет неправилности, претежно во угостителски објекти. Работодавачите не го пријавиле бројот на вработени до Инспекторатот, а добија само опомени.

-Доколку не испочитуваат решение со опомена, даваме решение со наредба и на контролниот надзор, ако не испочитува, тогаш одиме со прекршочни санкции. Во делот на работа во недела, доколку работодавачот не е во оние 42 исклучоци во дејноста, тогаш тука нема опомена, туку директно одиме со инспекциска мерка, затворање на објектот и плус прекршочна глоба во висина од 400 до 1000 евра, во денарска противвредност, информира директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска.

За обејктите кои ќе работат во недела, работодавачите најдоцна до сабота треба да поднесат листа со вработени кои ќе работат. Согласно законот, тиа треба да добијат дневница повисока за 50 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот