Фановите загрижени: Харисон Форд се повредил за време на снимањето на петтото продолжение на филмот„Индијана Џонс“

Instagram
Instagram

Познатиот актер Харисон Форд го повредил рамото за време на снимањето на петтото продолжение на филмот „Индијана Џонс“, а оваа вест ја вознемири публиката ширум светот.

Форд доживеал несреќа додека ги вежбал акциони сцени, а извор близок до актерот се обратил на медиумите:

„Продукцијата ќе продолжи додека се процени соодветниот период потребен за лекување, а распоредот на снимања ќе се промени колку што е потребно во наредните недели“.


Ова не е првпат Харисон Форд да се повреди додека снима филм. 71-годишниот актер се повреди за време на снимањето на филмот „Војна на Sвездите: Силата се буди“ кога хидрауличната врата на „Милениумскиот сокол“ паднала врз него, а тој од ударот паднал на земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Líder Web (@lider_web)


Продуцентската куќа на „Дизни“ била казнета со над 2.000.000 долари, бидејќи актерот ја скрши карлицата, го искриви глуждот, а недостасувале милиметри за вратата да му ја отсече главата како гилотина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот