Фановите на Џим Морисон на аџилак, 50 години по неговата смрт

џим морисон дорс

Педесет години по неговата смрт на 27-годишна возраст, љубителите на рок музиката од Франција и целиот свет отишле на гробиштата „Пер-Лашез“ во источен Париз, каде што е погребан фронтменот на „Дорс“, Џим Морисон. 

„Џим и „Дорс“ беа наши херои уште од мали нозе. Чест ми е да бидам тука и да ја прославам 50-годишнината од неговата смрт“, рекол Дутуар Плацек.

Од година во година, ова место станало аџилак за обожавателите на Морисон, познат по неговите мрачни текстови, кадрава коса, кожни панталони, челичен поглед и театарско сценско присуство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jimmia4371

Мишел Кембел имала 21 година кога Морисон починал во 1971 година, живеела во Тексас и студирала фотографија. Нејзиниот прв „3ти јули“ – годишнината од смртта на Морисон, бил во 1989 година. Тогаш, гробот не бил обележан, а еден обожавател изработил дрвен крст.

„Луѓето како да седат на каучи во нечиј стан, наместо на гроб, само разговараат и се среќаваат“, се присетува таа. „Беше навистина прекрасно… Јас сепак доаѓам колку што можам затоа што секогаш е толку прекрасно“, вели Мишел за „Washington Post“.

Многу од обожавателите, планирале да ги посетат и другите места во кои Морисон поминувал време додека живеел во Париз, од неговиот стан до поранешниот ноќен клуб каде што некои велат дека починал од предозирање со хероин.

Роден во 1943 година во Мелбурн, Флорида, Морисон бил син на офицер на американската морнарица и постојано се селел како дете, растејќи во Флорида, Вирџинија, Тексас, Ново Мексико и Калифорнија.

Тој е еден од неколкуте рок sвезди, вклучувајќи ги Џенис Џоплин, Џими Хендрикс, Курт Кобејн и Брајан Џоунс кој починал на 27 години. На 3 јули 1971 година, бил пронајден мртов во када. Не била извршена обдукција и често се оспорува што ја предизвикало неговата смрт. Неговиот статус на митска фигура за обожавателите на рок никогаш не опаднал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот