Евростат: Пандемијата го скратува животниот век во ЕУ

Пандемијата на ковид-19 го прекина долгогодишниот раст на очекуваниот животен век и во повеќето земји-членки на ЕУ се очекува пократок животен век во 2020 година во споредба со 2019 година, објави денеска Евростат, заводот за статистика на Европската комисија.

Најголемо намалување на очекуваниот животен век при раѓање е забележано во Шпанија, 1,6 години помалку, потоа во Бугарија, 1,5 година, Литванија, Полска, Романија, 1,4 години помалку. Во Хрватска се очекува пократок животен век за 0,8 години, од 78,6 на 77,8 години.

Само во Данска и Финска се очекува малку подолг животен век од 0,1 година.

Во повеќето земји-членки, мажите се нешто повеќе погодени во однос на скратувањето на животниот век.

Очекуваниот животен век во моментот на раѓање постојано се зголемува во последните децении. Од 1960-тите, очекуваното траење на животниот век се зголемува во просек за две години во декада. Најновите податоци покажуваат дека има стагнација и пад во неколку земји-членки. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот