Фото: Manchester City

Европските клубови сакаат ново правило за измени на фудбалери во еден натпревар

На последното Генерално собрание на Европската асоцијација на клубови (EЦА), најдобрите европски тимови се сретнаа за да дискутираат низа важни прашања, меѓу кои и сè поголемото оптоварување на фудбалерите поради згуснатиот календар.

Иако темата формално не беше дел од дневниот ред, делегатите водеа неформални разговори за можноста за воведување шеста измена во текот на натпреварот, како и проширување на играчкиот кадар на 28 фудбалери што е за три повеќе од актуелниот максимум од 25.

Сепак, за каква било промена да биде официјализирана, ќе биде потребна препорака од Меѓународниот фудбалски борд (ИФАБ), телото задолжено за носење на правилата во светскиот фудбал. Засега не е јасно дали ваквите иницијативи ќе добијат поддршка.

Ќе потсетиме, правилото за пет измени првпат беше воведено во Премиер лигата во 2020 година, кога сезоната беше продолжена по прекинот предизвикан од пандемијата со ковид-19. Во сезоната 2020/21 беше вратено старото правило со три измени, но веќе две години подоцна, петте измени станаа нов стандардни во европскиот фудбал.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот