Европската централна банка ќе ги зголемува каматите до јули 2023 година

Шефот на холандската централна банка Клас Кнот очекува дека Европската централна банка ќе продолжи да ги зголемува референтните каматни стапки за половина процентен поен во периодот јануари-јули 2023 година.

Кнот, според „Фајненшл тајмс”, рече дека се надева дека ЕЦБ ќе постигне „прилично пристојно темпо на затегнување” на монетарната политика на следните пет состаноци, од сега до јули 2023 година, со зголемување на каматните стапки за половина процентен поен пред трошоците за задолжување да достигнат врв до летото.

– Сè уште постои зголемен ризик…Ние сме само на почетокот на второто полувреме, изјави тој за „Фајненшл тајмс”.

Кнот е и член на Управниот совет на ЕЦБ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот