Европол: Трговијата со дрога е најголемата криминална активност во ЕУ

Европол/ Фото: ЕПА

Во документот се вели дека криминалците вклучени во организираниот криминал се повеќе прибегнуваат кон насилство. Заканата од насилни инциденти се зголемени со честата употреба на огнено оружје или експлозив.

Најголемите закани за граѓаните на Европската унија (ЕУ) во рамките на организираниот криминал се активности во трговија со дрога, луѓе, мигранти, како и измама преку Интернет, се вели во извештајот објавен денес од Европската полициска служба (Европол) со седиште во Хаг .

Во извештајот за опасност од сериозен и организиран криминал во ЕУ (SOCTA), објавен од Европол на секои четири години, се вели дека скоро 40% од криминалните мрежи се активни во производство и трговија со дрога и дека тоа е сè уште најголема криминална активност во ЕУ.

Трговија со луѓе и експлоатација, криумчарење мигранти, онлајн и други измами, како и имотно-правно дело претставуваат значителни закани за граѓаните на ЕУ, се вели во извештајот, додавајќи дека криминалците „перат“ милијарди евра годишно.

Во документот се вели дека криминалците вклучени во организираниот криминал се повеќе прибегнуваат кон насилство. Заканата од насилни инциденти се зголемени со честата употреба на огнено оружје или експлозив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот